Преносно значење - категорија

работа повеќе

мн. работи
Вид збор: Именка, женски род
Пројава, постапка, резултат од трудот на некого, дело што носи белези карактеристични за определен човек или луѓе, дело.
Англиски: thing Албански: punë
должност, надлежност
Англиски: duty Албански: detyrë
предмет, услови, прашање; настан, случка, појава, положба, состојба, главното, суштината
Англиски: thing Албански: lëndë

работи повеќе

работат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дејствува во корист на некого, се труди за друг.
Англиски: work
Развива дејност со некаква цел.
Англиски: work

радијација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Зрачење, распространување, ширење.
Англиски: spreading

радиус повеќе

мн. радиуси
Вид збор: Именка, машки род
Големина на зафат, сфера на дејство.
Англиски: range Албански: radius, shtrirje

раѓа повеќе

раѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Создава, дава почеток на нешто.
Англиски: create Албански: krijoj
(се раѓа) се јавува, се создава
Англиски: arise Албански: rjedh

раѓање повеќе

Види и: раѓа (несв.)
(едн.) раѓањето
Вид збор: Именка, среден род
се појавува
Англиски: rise Албански: lind
Примери:
Раѓање на сонцето.

разбаботи повеќе

разбаботат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Почне гласно да зборува, да вреви.
Англиски: shriek Албански: bërtas
дрдори, се расприкаже
Англиски: blab Албански: llomotis

разбере повеќе

разберат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие информации за некого, узнае каде е и како е некој.
Англиски: understand Албански: kuptoj, mësoj

разбивач повеќе

мн. разбивачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што предизвикува растројство, што дејствува разорно.
Англиски: destroyer

разбие повеќе

разбијат
Вид збор: Глагол, свршен
сруши, уништи, погуби
Англиски: destroy Албански: shkatërroj

разбира повеќе

Види и: разбере (св.)
разбираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Признае вредност на некого или на нешто.
Англиски: understand Албански: kuptoj

разбистри повеќе

разбистрат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто јасно, пречисти, расчисти.
Англиски: clear up Албански: qartësoj
(се разбистри) Стане јасен.
Англиски: clear up Албански: qartësohet

разблажи повеќе

разблажат
Вид збор: Глагол, свршен
смири
Англиски: calm down Албански: qetësoj
Примери:
Срцето ми го разблажи.

разблика повеќе

разбликаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се рашири со голем интензитет.
Англиски: spread

разбликне повеќе

разбликнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се рашири со голем интензитет.
Англиски: spread

разбојник повеќе

мн. разбојници
Вид збор: Именка, машки род
неранимајко, непрокопсаник
Англиски: good-for-nothing Албански: mangup, bandit
(нагалено) - немирник, палавец
Англиски: fidget Албански: i prapt, mangup

разбранет повеќе

разбранетиот
Вид збор: Придавка
Што е во движење, во акција.
Англиски: agitated

разбрани повеќе

разбранат
Вид збор: Глагол, свршен
вознемири, возбуди
Англиски: stir Албански: trazoj
(се разбрани) Почне да се движи.
Англиски: undulate Албански: lëviz
(се разбрани) се вознемири, се возбуди
Англиски: stir Албански: shqetësoj
(се разбрани) Се пренесе како бран, се рашири.
Англиски: spread Албански: përhap

разбранува повеќе

Види и: разбрани (св.)
разбрануваат
Вид збор: Глагол, несвршен
вознемири, обеспокои, возбуди
Англиски: stir Албански: shqetësoj, trazoj
(се разбранува) се вознемири, се обеспокои, се возбуди
Англиски: stir Албански: trazoj, shqetsoj

разведри повеќе

разведрат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгони тешки мисли, чувства, направи некој да стане бодар, освежи.
Англиски: cheer up Албански: kthjelloj, qartësoj
(се разведри) Стане ведар, бодар, се освежи.
Англиски: cheer up Албански: kthjellohet

развезе повеќе

Види и: везе (несв.)
развезат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да зборува долго и широко.
Албански: flet shumë

развидели повеќе

(се) развидели
Вид збор: Глагол, свршен
раздени, самне
Англиски: brighten Албански: ndrit, zbardhet
Примери:
Ме развидели по патот.

развие повеќе

развијат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да се издигне на повисок степен.
Англиски: develop Албански: zhvilloj
Пројави во поголеми размери, широко разгрне.
Англиски: unfold Албански: shpalos
Изложи, разјасни нешто.
Англиски: spread Албански: përhap, zhvilloj
Со постепено наголемување доведе до значителен степен.
Англиски: develop Албански: zhvilloj

развиен повеќе

развиени
Вид збор: Придавка
Духовно, умствено издигнат, кој има широк видокруг.
Англиски: educated
Примери:
Слабо развиен активист.

разводнет повеќе

Види и: разводни (св.)
разводнетиот
Вид збор: Придавка
слаб, безизразен, блед
Англиски: washy

разводни повеќе

разводнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи содржината на нешто да стане помалу изразна, побледа.
Англиски: weaken Албански: zbeh
Примери:
Во неговиот план ударот не се разводни.

разврат повеќе

(едн.) развратот
Вид збор: Именка, машки род
Расипаност на моралните норми на општеството.
Англиски: licentiousness Албански: imoralitet

разврзе повеќе

разврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослободи од зависност, од ограниченост.
Англиски: free Албански: liroj

разврши повеќе

(се) развршат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разврши) Се растрча ваму-таму.
Албански: vrapon andej këndej
Примери:
И ми јавна коња ластовица,/ се разврши по руда ледина.

разгашти повеќе

разгаштат
Вид збор: Глагол, свршен
Остави некого без стега, направи распуштен, недисциплиниран.
Англиски: spoil Албански: prish, shpërbër
(се разгашти) Се држи распуштено, недисциплинирано.
Англиски: spoil Албански: prish, dëmtoj

разглоби повеќе

разглобат
Вид збор: Глагол, свршен
Подробно објасни, расчлени.
Англиски: dissect Албански: zbërthej
Примери:
Убаво ги разглоби своите принципи.

разголен повеќе

разголени
Вид збор: Придавка
Покажан во вистински вид, јавен, отворен.
Англиски: bare

разголи повеќе

разголат
Вид збор: Глагол, свршен
Раскрие, открие, покаже во вистинскиот вид.
Англиски: expose Албански: vë në dukje
(се разголи) Се открие, се покаже во вистинскиот вид.
Англиски: expose Албански: vë në dukje

разгорен повеќе

разгорениот
Вид збор: Придавка
силен, жесток, бурен
Англиски: fierce

разгорешти повеќе

разгорештат
Вид збор: Глагол, свршен
Возбуди многу силно.
Англиски: agitate Албански: shqetësoj, trazoj
Возбуди се многу силно, се распали.
Англиски: excite Албански: kallem, shqetësohem

разгори повеќе

разгорат
Вид збор: Глагол, свршен
Возбуди силни чувства или енергија.
Англиски: rouse Албански: zgjoj, ndez
Се пројави со голема сила, се развие.
Англиски: heighten Албански: zmadhoj

разграни повеќе

разгранат
Вид збор: Глагол, свршен
развие, рашири
Англиски: spread Албански: përhap, degëzoj
се развие, се рашири
Англиски: develop Албански: përhap, zhvilloj

разграничи повеќе

разграничат
Вид збор: Глагол, свршен
Точно, јасно оддели една појава од друга.
Англиски: separate Албански: ndaj, kufizoj

разгрне повеќе

разгрнат
Вид збор: Глагол, свршен
развие, пројави
Англиски: develop Албански: zhvilloj

раздвижи повеќе

Види и: движи (несв.)
раздвижат
Вид збор: Глагол, свршен
Оттргне од безучество; возбуди, разгранува.
Англиски: mobilize Албански: mobilizoj, gjallëroj

раздвои повеќе

раздвојат
Вид збор: Глагол, свршен
Внесе раздвоеност, разединетост.
Англиски: split Албански: ndaj
Стане противречен.
Англиски: differ Албански: nuk pajtohet

раздели повеќе

Види и: дели (св. и несв.)
разделат
Вид збор: Глагол, свршен
Внесе разединетост.
Англиски: divide Албански: ndaj

раздени повеќе

разденило
Вид збор: Глагол, свршен
(преод.) развидели, самне
Англиски: dawn Албански: agon, gdhin

раздере повеќе

раздерат
Вид збор: Глагол, свршен
Се развика.
Англиски: yell Албански: bërtas

раздрапа повеќе

раздрапаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се раздрапа) Се потсмева некому, се шегува на нечија сметка
Англиски: joke Албански: përqesh
Примери:
Кога ќе се раздрапа тој, да пукнеш од смеа.

раздрнда повеќе

Види и: дрнда (несв.)
(се) раздрндаат
Вид збор: Глагол, свршен
многу зборува, дрдори
Англиски: blab Албански: llomotis
Примери:
Ама сте се раздрндале.

раздрнка повеќе

раздрнкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се раздрнка) Се распаше, остане без контрола.
Англиски: spoil Албански: humb kontroll
(се раздрнка) Почне да дрнда (лошо да свири) на некој инструмент (клавир, гитара).
Англиски: strum Албански: llomotis

разигран повеќе

Види и: разигра (св.)
разиграниот
Вид збор: Придавка
Што е подвижен, жив, весел.
Англиски: lively

разискри повеќе

разискрат
Вид збор: Глагол, свршен
За очи - покаже блесок, сјај.
Англиски: shine

разлае повеќе

Види и: лае (несв.)
разјалат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разлае) Почне многу да зборува, дрдори
Англиски: blab Албански: llomotis
Примери:
Пак ти нешто си се разлајала.

разлази повеќе

Види и: лази (несв.)
(се) разлазат
Вид збор: Глагол, свршен
размрда, раздвижи
Албански: lëviz
Примери:
Се разлазија агенти.

разлее повеќе

разлеат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разлее) Потече во разни правци, се разнесе.
Англиски: spread Албански: përhap

разлета повеќе

Види и: лета (несв.)
(се) разлетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да бега на разни страни.
Англиски: disperse Албански: shpërndaj gjithkah

разлигавен повеќе

разлигавениот
Вид збор: Придавка
Растопен, во полутечна состојба.
Англиски: melted
разгален, распуштен
Англиски: spoiled

разлуден повеќе

разлудениот
Вид збор: Придавка
Непромислен, неразумен во голема мера.
Англиски: crazy

разлулан повеќе

разлуланиот
Вид збор: Придавка
Што е несигурен, разнишан.
Англиски: shaken

разлулеан повеќе

разлулеаниот
Вид збор: Придавка
Што е занесен, поведен од емоции.

разлути повеќе

разлутат
Вид збор: Глагол, свршен
За рана, болест – влоши.
Англиски: worsen Албански: keqëson

размагнетизира повеќе

размагнетизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Престане, престанува да има моќ на магнет, престане, престанува да привлекува, спротивно од магнетизира.
Англиски: demagnetize

размекнат повеќе

размекнатиот
Вид збор: Придавка
попустлив, одоброволен
Англиски: acquiescent

размеша повеќе

(се) размешаат
Вид збор: Глагол, свршен
Вмеша, вплетка, вклучи некого во некоја дејност.
Се вмеша, зеде учество, се вклучи во нешто.

размисли повеќе

размислат
Вид збор: Глагол, свршен
(непреод.) Обмисли од разни страни.
Англиски: consider Албански: mendoj mirë
Примери:
Откако размисли малу, се согласи.
(преод.) Обмисли од разни страни.
Англиски: consider Албански: mendoj mirë
Примери:
Ја размислил работата.

размотка повеќе

размоткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Лаже, мами некого.
Англиски: cheat

размрзне повеќе

Види и: мрзне (несв.)
размрзнат
Вид збор: Глагол, свршен
(преод.) Ослободи од смрзнување.
Англиски: thaw Албански: shkrij
Примери:
Се мене ме чекате да ја размрзнам пумпата.

разнебити повеќе

разнебитат
Вид збор: Глагол, свршен
растрои, сосипе
Англиски: disturb Албански: shqetësoj, trazoj
(се разнебити) се растрои, се сосипе
Англиски: disturb Албански: shkatërrohem, këputem

разностран повеќе

разнострани
Вид збор: Придавка
Кој опфаќа разни страни од нешто.
Англиски: versatile

разоглавен повеќе

разоглавени
Вид збор: Придавка
Дојден до крајните граници на распуштеноста, распојасан.
Примери:
разоглавени страсти

разоглави повеќе

разоглават
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе до крајните граници на распуштеноста, своеволието.
Англиски: unbridle Албански: lirohem, çfrenohem
(се разоглави) Дојде до крајна распуштеност.
Албански: çfrenohem

разори повеќе

разорат
Вид збор: Глагол, свршен
Сосипе материјално, уништи, запусти.
Англиски: destroy Албански: rrënoj, shkatërroj
Примери:
Оваа несреќа сосема ме разори.

разоружи повеќе

разоружат
Вид збор: Глагол, свршен
Лиши некого од силите и можностите за борба, поткопа желба за отпор.
Англиски: disarm Албански: çarmatos

разоткрие повеќе

разоткрие
Вид збор: Глагол, свршен
(се разоткрие) Се појави, се покаже пред некаква глетка, простор.
Англиски: unveil
(се разоткрие) Се отвори пред некого, се довери.
Англиски: reveal, confide

разработи повеќе

разработат
Вид збор: Глагол, свршен
Развие, испита нешто во подробности.
Англиски: develop Албански: zhvilloj

разрани повеќе

разранат
Вид збор: Глагол, свршен
Одново возбуди.
Албански: prek në varrë të vjetër

разрасне повеќе

разраснат
Вид збор: Глагол, свршен
Се зголеми се, стане помногуброен.
Англиски: increase Албански: rritet
Примери:
Разрасна градот.

разреве повеќе

Види и: реве (несв.)
разреват
Вид збор: Глагол, свршен
Почне силно: да пее, да вика, да креска.
Англиски: scream Албански: piskas, bërtas

разрика повеќе

разрикат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне силно, да пее, да вика, креска.
Англиски: scream Албански: piskas, bërtit
Примери:
Се разрикал како некој вол.

разруши повеќе

разрушат
Вид збор: Глагол, свршен
уништи, растрои, погуби
Англиски: destroy Албански: shkatëroj
(се разруши) Не се оствари, не се оправда.
Англиски: disappear Албански: nuk zbatoj

разубави повеќе

разубават
Вид збор: Глагол, свршен
За лице, човек направи да стане поубав; за град, текст и слично - направи да стане поинтересен, поизразит.
Англиски: embellish Албански: zbukuroj
За живот - направи да стане побогат.
Англиски: enrich Албански: zbukuroj, përmirësoj

разуздан повеќе

разуздани
Вид збор: Придавка
Дојден до крајните граници на распуштеноста; распојасан.
Англиски: unbridled

разузди повеќе

разуздат
Вид збор: Глагол, свршен
Остави некого да се распушти, да се распојаси.
Албански: shfrenoj, lëshoj

рај повеќе

(едн.) рајот
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што може безгрижно и среќно да се живее.
Англиски: heaven Албански: parajsë, qiell
Примери:
Ќе создадеме рај на земјата.

раја повеќе

(едн.) рајата
Вид збор: Именка, женски род
Обичните луѓе од народот.
Англиски: crowd Албански: rajë

рака повеќе

мн. раце
Вид збор: Именка, женски род
Човек како работник.
Англиски: man Албански: punëtor
власт, посед
Англиски: power Албански: pushtet

ракатка повеќе

мн. ракатки
Вид збор: Именка, женски род
состав, збир
Англиски: collection

раководен повеќе

раководни
Вид збор: Придавка
Кој раководи во некоја област.
Англиски: managerial

рамен повеќе

рамни
Вид збор: Придавка
Што не се разликува од други по вредност, значење, права, положба и сл.
Англиски: equal

рамковен повеќе

рамковни
Вид збор: Придавка
Определен во општи, главни, основни црти, замислен во најсуштествените проблеми; насочен, ограничен кон определена проблематика.
Англиски: framework

рамниште повеќе

мн. рамништа
Вид збор: Именка, среден род
Степен на општествениот развиток.
Англиски: level Албански: nivel, rrafsh

рана повеќе

мн. рани
Вид збор: Именка, женски род
Силен потрес, душевна болка, страдање.
Англиски: injury Албански: lëndim, plagë

ранет повеќе

ранети
Вид збор: Придавка
Засегнат, навреден тешко.
Англиски: affected

рани повеќе

ранат
Вид збор: Глагол, свршен
Причини некому душевна болка, страдање.
Англиски: suffer Албански: lëndoj

рапав повеќе

рапави
Вид збор: Придавка
(за јазик, стил) необработен, со некои недостатоци
Англиски: unpolished
Примери:
Рапави изрази.

расадник повеќе

мн. расадници
Вид збор: Именка, машки род
Место од каде што се шири нешто, огниште.
Англиски: herd Албански: vatër
Примери:
Расадник на заразата.

расвести повеќе

(се) расвестат
Вид збор: Глагол, свршен
Свести, направи некој да биде внимателен и добро да ја согледа ситуацијата, да почне трезвено да размислува.
Стане свесен за нешто.

расветли повеќе

расветлат
Вид збор: Глагол, свршен
Изложи, истолкува нешто, разјасни.
Англиски: clear up Албански: sqaroj, ndriçoj

расеан повеќе

расеани
Вид збор: Придавка
Кој е со несосредоточено внимание; кој изразува невнимателност, отсуство на интерес кон нешто.
Англиски: absent-minded
Примери:
Расеаниот професор.

расее повеќе

расеат
Вид збор: Глагол, свршен
За тешки мисли и чувства - направи да исчезнат.
Англиски: disperse Албански: shpërndaj
Одвлече некому внимание.
Англиски: distract Албански: shkëput, heq vemendjen

расече повеќе

расечат
Вид збор: Глагол, свршен
раздвои, раздели
Англиски: separate

расипан повеќе

расипани
Вид збор: Придавка
непријатен, уништен, неправилен
Англиски: bad
Кој е морално пропаднат.
Англиски: bad

расипе повеќе

расипат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи непријатен, наруши, влоши.
Англиски: disturb Албански: trazoj
Изврши лошо влијание врз некого.
Англиски: spoil Албански: dëmtoj
За материјални вредности - уништи, запусти.
Англиски: destroy Албански: shkatërroj
(се расипе) се уништи, се сосипе
Албански: shkatërroj

раска повеќе

мн. раски
Вид збор: Именка, женски род
малку, малкуцка
Англиски: splinter

раскаже повеќе

раскажат
Вид збор: Глагол, свршен
Со својот изглед посведочи за нешто што се случило.
Англиски: witness Албански: dëshmoj

раскалавен повеќе

раскалавениот
Вид збор: Придавка
разгален, распуштен
Англиски: spoiled

раскапан повеќе

раскапана
Вид збор: Придавка
Кој изгубил сила.
Англиски: exhausted
Примери:
И тој е сиот раскапан.

раскапе повеќе

раскапат
Вид збор: Глагол, свршен
(се ракапе) се разруши, се разбие
Англиски: rot Албански: kalbem

раскасапен повеќе

раскасапениот
Вид збор: Придавка
Уништен, скратен, обезличен текст.
Англиски: defaced

раскасапи повеќе

раскасапат
Вид збор: Глагол, свршен
За текст и нешто слично - скрати, отфрли.
Англиски: butcher Албански: pres, shkurtoj
Примери:
Ми ја раскасапи статијата.

раскашавен повеќе

раскашавениот
Вид збор: Придавка
Што е мек, без потребната сила и цврстина.
Англиски: soft
Што е разгален, распуштен.
Англиски: spoiled

раскашави повеќе

раскашават
Вид збор: Глагол, свршен
Загуби од цврстината.
Англиски: weaken Албански: bëhet qull
попушти
Англиски: yield Албански: qulloset

раскилави повеќе

раскилават
Вид збор: Глагол, свршен
Премори од многу работа.
Англиски: exhaust Албански: rraskapit, këpus
(се раскилави) Се раскине од работа.
Англиски: exhaust Албански: rraskapitem, këputem

раскинат повеќе

Види и: раскине (св.)
раскинатиот
Вид збор: Придавка
Растргнат, зафатен со многу дејности.
Англиски: torn

раскине повеќе

раскинат
Вид збор: Глагол, свршен
Премори, скине од многу работа.
Англиски: exhaust Албански: rraskapitem, këputem

раскисели повеќе

раскиселат
Вид збор: Глагол, свршен
Онерасположи, расипе расположение некому.
Албански: thartoj, indisponoj
(се раскисели) Се онерасположи, стане нерасположен.
Албански: indisponoj

расклати повеќе

расклатат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослаби, расколеба; за здравје - растрои.
Англиски: shake Албански: dobësoj, prish
(се расклати) Ослаби, попушти; за здравје - се растрои.
Англиски: weaken Албански: dobësoj

расклоца повеќе

Види и: клоца (несв.)
(се) расклоцат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - почне многу да клоца.
Англиски: kick Албански: shkelmon
Примери:
Се налути детето, се расклоца.

раскопка повеќе

Види и: раскопа (св.)
раскопкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Поттикне силно љубопитство кај себе или кај некого.

раскости повеќе

раскостат
Вид збор: Глагол, свршен
Премори од многу работа, скине.
Англиски: exhaust Албански: prish, rraskapit
Премори се од многу работа, се скине.
Англиски: exhaust Албански: prish, rraskapit

раскош повеќе

(едн.) раскошот
Вид збор: Именка, машки род
извонредна убавина
Англиски: beauty Албански: bukuri

раскрека повеќе

Види и: крека (несв.)
(се) раскрекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне многу да зборува, да зборува на висок глас.
Англиски: croak Албански: krekos
Примери:
Што се раскрекале децана?

распален повеќе

распалени
Вид збор: Придавка
Расположен загреан, со голема заинтересираност.
Англиски: warmed up

распали повеќе

распалат
Вид збор: Глагол, свршен
Засили, разгори во некого некое чувство, желба.
Англиски: rouse Албански: zgjoj, ngjall
Возбуди се силно, одушеви се.
Англиски: agitate Албански: kallem

распара повеќе

распараат
Вид збор: Глагол, свршен
раскине, расцепи
Англиски: tear off Албански: përfundoj

распарампарчи повеќе

распарампарчат
Вид збор: Глагол, свршен
Уништи некој углед, позиција и сл.
Англиски: shatter

распартали повеќе

распарталат
Вид збор: Глагол, свршен
се отпушти се, се распаше
Англиски: relax Албански: shpartallohem, lirohem

распарча повеќе

Види и: распарчи (св.)
распарчат
Вид збор: Глагол, свршен
уништи, сотре
Англиски: destroy Албански: shkatërroj, asgjësoj

распашан повеќе

распашани
Вид збор: Придавка
Дојден до крајните граници на распуштеноста, распојасан.
Англиски: sloppy
Примери:
Распашани момчиња.

распаше повеќе

распашат
Вид збор: Глагол, свршен
Дозволи некој да се распушти.
Англиски: spoil Албански: lazdëroj, lë në vete

распердуши повеќе

распердушат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто на ситни делови.
Англиски: tatter Албански: leckos, bëj copë copë
Примери:
Полека, сте го распердушиле килимот.

распетие повеќе

мн. распетија
Вид збор: Именка, среден род
казнување, мачење
Англиски: punishment Албански: ndëshkim

распламти повеќе

распламтат
Вид збор: Глагол, свршен
Засили, поттикне, разгори во некого некое чувство.
Англиски: rekindle Албански: nxis, stimuloj
(се распламти) се засили, се разгори
Англиски: strengthen Албански: përhap

распласка повеќе

(се) распласкат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне многу да дрнда.
Англиски: blab Албански: llomotis
Примери:
Што ли се распласкал така?

расплати повеќе

(се) расплатат
Вид збор: Глагол, свршен
се отплати, се одмазди, се пресмета
Англиски: revenge Албански: shpaguaj
Примери:
Сурово се расплатиле со востаниците.

расплете повеќе

расплетат
Вид збор: Глагол, свршен
Размрси нешто заплетено.
Англиски: disentangle Албански: shkoklavis
(се расплете) се размрси
Англиски: clear up Албански: pastroj

распливне повеќе

(се) распливнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане нејасно, неопределено; стане нејасен, неопределен.
Англиски: spread Албански: paqartë
Примери:
Многу се распливна во подробности.

распне повеќе

распнат
Вид збор: Глагол, свршен
Мачи, измачува некого.
Англиски: torture Албански: torturoj

расположи повеќе

расположат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика кај некого симпатија, благонаклоност кон некого, привлече на своја страна.
Англиски: incline Албански: anoj
Предизвика кај некого добро настроение.
Англиски: amuse Албански: zbavit
(се расположи) Дојде во добро настроение.
Англиски: amuse Албански: zbavitem

распори повеќе

распорат
Вид збор: Глагол, свршен
раскине, расцепи
Англиски: tear Албански: çaj, prish
Примери:
Локомотивата ја распори моменталната тишина.

расправи повеќе

расправат
Вид збор: Глагол, свршен
(се расправи) Влезе во расправија; се пресмета.
Англиски: settle Албански: grindem

распрди повеќе

Види и: прди (несв.)
распрдат
Вид збор: Глагол, свршен
разгали
Англиски: spoil Албански: lazdëroj, përdhos
Примери:
Многу сте го распрдиле.
(се распрди) се разгали
Англиски: spoil Албански: prdhos, lazdëroj

распреде повеќе

Види и: преде (несв.)
распредат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да прикажува на долго и широко.
Албански: tregon gjërë e gjatë
Примери:
Ако распреде жената, нема станување.

распрета повеќе

Види и: прета (несв.)
распретаат
Вид збор: Глагол, свршен
разгрне, ослободи
Албански: çliroj
Примери:
Ги распретавме народните сили.

распролети повеќе

распролетат
Вид збор: Глагол, свршен
Се наоѓа во ведро, убаво расположение.

распространи повеќе

распространат
Вид збор: Глагол, свршен
Рашири по опсег.
Англиски: spread Албански: përhap
(се распространи) Се рашири по опсег.
Англиски: spread Албански: përhap

распростре повеќе

распрострат
Вид збор: Глагол, свршен
распространи
Англиски: spread Албански: përhap
(се распростре) се распространи
Англиски: spread Албански: përhap

распрсне повеќе

распрснат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да се расее, да исчезне.
Англиски: dispel Албански: zhduk
(се распрсне) се расее, се разлета
Англиски: dispel Албански: zhduk

распука повеќе

распукаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се распука) За срце, душа - раскине.
Англиски: break Албански: ndal

распуфка повеќе

Види и: пуфка (несв.)
(се) распуфкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(за мотор) Почне многу да бревта.
Англиски: puff Албански: troket shumë
Примери:
Ама се распуфка локомотивава.

распуштеник повеќе

мн. распуштеници
Вид збор: Именка, машки род
Распуштен човек што не внимава на себе.
Англиски: debauchee

распушти повеќе

распуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослаби контролата над некого, направи некој да стане своеволен, недисциплиниран.
Англиски: spoil Албански: kryeneç
(се распушти) Стане своеволен, недисциплиниран, непослушен.
Англиски: spoil Албански: kryeneç

расте повеќе

растат
Вид збор: Глагол, несвршен
се усовршува, се издига, се развива
Англиски: improve Албански: zhvillohet, përmirësohet

растеглив повеќе

растегливи
Вид збор: Придавка
Кој може да се толкува на разни начини.
Англиски: stretchable
Примери:
растегливо прашање, растеглив поим

растегне повеќе

растегнат
Вид збор: Глагол, свршен
развлече, одолжи
Англиски: stretch Албански: zgjas
(се растегне) се развлече, се одолжи
Англиски: stretch Албански: zgjas

растила повеќе

растилаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Шири нешто наоколу.
Англиски: spread Албански: shtroj, zgjëroj
Примери:
Светла убост растилаше.

растовари повеќе

растоварат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослободи од товар, од обврски.
Англиски: relieve Албански: çliroj
(се растовари) Се ослободи од товар, од обврски.
Англиски: free Албански: liroj

растопи повеќе

Види и: стопи (св.)
растопат
Вид збор: Глагол, свршен
разнежи, наговори
Англиски: persuade Албански: bind

растрака повеќе

(се) растракаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне многу да дрдори.
Англиски: chat Албански: fillon të llomotis shumë

растрбуши повеќе

растрбушат
Вид збор: Глагол, свршен
Извади дел од внатрешноста на некој предмет.
Албански: nxjerr
распетла, распаше
Албански: zbërthej

растргне повеќе

растргнат
Вид збор: Глагол, свршен
Премори, скине од многу работа.
Албански: lodhem, rraskapitem
Примери:
Ја растргнавте старата од работа.
(се растргне) Се премори, се скине од работа.
Англиски: exhaust Албански: lodhem, rraskapitem
Примери:
Се растргнав на сите страни.

растрепери повеќе

Види и: трепери (несв.)
растреперат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика силна возбуда, страв.
Англиски: tremble
(се растрепери) Почне да трепери од возбуда, страв и сл.
Англиски: tremble

растресе повеќе

Види и: тресе (несв.)
растресат
Вид збор: Глагол, свршен
растрепери
Англиски: tremble Албански: dridh

растурен повеќе

растурениот
Вид збор: Придавка
неморален
Англиски: immoral

расфучи повеќе

(се) расфучат
Вид збор: Глагол, свршен
се разлути, се разгневи
Албански: hidhërohet, zemërohet
Примери:
Се расфучи жената.

расходува повеќе

расходуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Избрише, избришува, стави, става надвор од употреба.
Англиски: retire Албански: fshij, tërhjek
Примери:
Носете ги, па ќе ги расходуваме.

расцветан повеќе

расцветаниот
Вид збор: Придавка
Обземен од среќа или од некаков голем напредок, восхитен.
Англиски: flourishing
скинат, распукан
Англиски: bursted

расцеп повеќе

мн. расцепи
Вид збор: Именка, машки род
разединетост
Англиски: split Албански: përçarje

расцепи повеќе

расцепат
Вид збор: Глагол, свршен
За организација, партија, сила - разедини.
Англиски: divide Албански: ndahet
(се расцепи) се разедини
Англиски: split Албански: ndaj

расцути повеќе

расцутат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - разубави се; стане порадосен, повесел.
Англиски: bloom Албански: lulëzoj
Примери:
Штом се врати тој дома, Верка расцути.
Достигне повисок степен на развој, забележи подем.
Англиски: bloom Албански: lulëzoj
Примери:
И културата ќе расцути.

расчади повеќе

(се) расчадат
Вид збор: Глагол, свршен
Се распуши, пуши со засилен интензитет.
Англиски: smoke

расчекор повеќе

Вид збор: Именка, машки род
разидување, неслога
Англиски: disagreement Албански: mospajtim
Во изразот: оди во расчекор - чекорот не им е усогласен, дури и не се согласува со некого или нешто, има спротивно мислење.
Англиски: dissonance Албански: disonancë, mospajtim

расчепи повеќе

расчепат
Вид збор: Глагол, свршен
Премори некого од многу работа.
Англиски: exhaust Албански: lodhë
(се расчепи) се премори
Англиски: exhaust Албански: lodhë

расчепка повеќе

расчепкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Разгледа подробно, проучи, анализира.
Албански: analizoj, shqyrtoj
Примери:
Расчепкајте го малу случајот, па ќе видите.

расчеречи повеќе

расчеречат
Вид збор: Глагол, свршен
растргне, раскине
Англиски: tear off Албански: shkyej, copëtoj
Примери:
Ме расчеречија децава.

расчисти повеќе

Види и: чисти (несв.)
расчистат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи слободен.
Англиски: free Албански: çliroj
За поими, сметки, прашања - разбистри.
Англиски: clear Албански: qartësoj
се одмазди
Англиски: revenge Албански: merr hak

рафинира повеќе

рафинираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
изглади, изгладува, разубави, разубавува
Англиски: refine Албански: rafinoj, zbukuroj

рафиниран повеќе

рафинирани
Вид збор: Придавка
изгладен, истанчен, изострен, префинет
Англиски: refined

рахитичен повеќе

рахитична
Вид збор: Придавка
слаб, неразвиен, овенат
Англиски: weak
Примери:
Рахитично дете.

рачешки повеќе

рачешкиот
Вид збор: Придавка
Што не напредува, оди наназад.
Англиски: crab

раштима повеќе

раштимаат
Вид збор: Глагол, свршен
Наруши односи, меѓусебно разбирање и сл.
Англиски: detune
(се раштима) Се нарушат односи, меѓусебно разбирање и сл.
Англиски: detune

рбет повеќе

мн. рбети
Вид збор: Именка, машки род
Врв, врвен дел на нешто.
Англиски: crest Албански: kreshtë
Основен, најважен дел на нешто, што го потпира.
Англиски: prop Албански: shtyllë

рга повеќе

ргаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи премногу.
Англиски: toil Албански: punon shumë

рѓа повеќе

(едн.) рѓата
Вид збор: Именка, женски род
(’рѓа) непрокопсан човек
Англиски: crook Албански: ndryshk, pis

рѓоса повеќе

рѓосаат
Вид збор: Глагол, свршен
(’рѓоса) Стане нечист, не одржува хигиена.
Англиски: dirty

реакција повеќе

мн. реакции
Вид збор: Именка, женски род
Остра промена на настроението, на пример, опаѓање на силата по некакви напори.
Англиски: reaction Албански: reakcion

реванш повеќе

(едн.) реваншот
Вид збор: Именка, машки род
Оддолжување за некоја услуга.
Англиски: repay Француски: revanche Албански: revansh

реве повеќе

реват
Вид збор: Глагол, несвршен
Громко пее; вика, креска силно.
Англиски: scream Албански: bërtas

ревматичен повеќе

ревматични
Вид збор: Придавка
немоќен, истоштен
Англиски: exhausted

ревматично повеќе

Вид збор: Прилог
бессилно, немоќно
Англиски: powerless

револверист повеќе

мн. револверисти
Вид збор: Именка, машки род
Покажува сила и се служи недозволено со оружје.
Англиски: bully

револверски повеќе

револверска
Вид збор: Придавка
Што се врти, постојано кружи.
Англиски: revolving
Примери:
Револверски печат.

револуција повеќе

мн. револуции
Вид збор: Именка, женски род
Коренити измени во некоја област на науката, уметноста и сл.
Англиски: revolution Албански: revolucion
Примери:
Вистинска револуција во сфаќањата на луѓето.

револуционер повеќе

мн. револуционери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што врши преврат во некоја област на науката, уметноста и сл.
Англиски: revolutionary Албански: revolucionar
Примери:
Револуционер во музиката.

револуционерен повеќе

револуционерни
Вид збор: Придавка
Кој внесува коренити измени во некоја област.
Англиски: revolutionary

регенератор повеќе

мн. регенератори
Вид збор: Именка, машки род
обновувач, преродувач
Англиски: renovator Албански: regjenerator

регрут повеќе

мн. регрути
Вид збор: Именка, машки род
почетник, новак
Англиски: novice Албански: fillestar, rekrut

регрутација повеќе

регрутацијата
Вид збор: Именка, женски род
Придобивање нови приврзаници.
Англиски: recruitment Албански: rekrutim

регрутира повеќе

регрутираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Придобие, придобива нови приврзаници.
Англиски: recruit Албански: rekrutoj

регуларен повеќе

регуларни
Вид збор: Придавка
редовен, стандарден
Англиски: regular

регулатор повеќе

мн. регулатори
Вид збор: Именка, машки род
Сила што внесува ред и правилност во одделна област.
Англиски: regulator Албански: rregullator
Примери:
Регулатор на односите.

реденица повеќе

мн. реденици
Вид збор: Именка, женски род
Низа, редица од зборови, мисли, солзи и сл.
Англиски: row

реже повеќе

режат
Вид збор: Глагол, несвршен
За пијалак - штипе по јазикот, непцето.
Албански: shtip
За ветер - предизвикува чувство на штипење по кожата.
Англиски: whistle Албански: shtip
За силен звук - предизвикува непријатно слухово чувство.
Англиски: whistle Албански: fishkëlloj
Зборува отворено, без заобиколки.
Албански: haptas

режира повеќе

режираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
токми, гласи, реди
Англиски: prepare Албански: përgatis, regjisoj

резерва повеќе

мн. резерви
Вид збор: Именка, женски род
претпазливост, воздржаност
Англиски: reservation Албански: përmbajtje, rezervë

резервен повеќе

резервни
Вид збор: Придавка
Кој се наоѓа во резерва.
Англиски: reserve
Примери:
Резервна воена единица.

резервоар повеќе

мн. резервоари
Вид збор: Именка, машки род
Извор на нешто.
Англиски: source Француски: réservoir Албански: rezervuar, burim

резонанција повеќе

мн. резонанции
Вид збор: Именка, женски род
одзвук, одглас
Англиски: resonance Албански: rezonancë

резонира повеќе

резонираат
Вид збор: Глагол, несвршен
умува, мудрува
Англиски: wisenheimer Албански: rezonoj

реинкарнација повеќе

реинкарнацијата
Вид збор: Именка, женски род
Преродба, општо и целосно заживување на нешто што почнало да се губи.
Англиски: reincarnation

река повеќе

мн. реки
Вид збор: Именка, женски род
Големо количество од нешто што тече.
Англиски: river Албански: lumë
Поток од нешто што се движи.
Англиски: stream Албански: lumë

реклама повеќе

мн. реклами
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Распространување на податоци за некого за да добие популарност, популаризирање, препорачување.
Англиски: advertising Албански: reklamat
Примери:
Добар мајстор нема потреба од реклама.

рекламира повеќе

рекламираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Претерано пофали, фали некого или нешто, популаризира.
Англиски: praise Албански: reklamoj, lavdëroj

ректификација повеќе

ректификацијата
Вид збор: Именка, женски род
поправка, коректура
Англиски: rectification Албански: rektifikim, përmirësim

релјефен повеќе

Види и: релјеф (м.)
релјефни
Вид збор: Придавка
Изразен, јасен, прегледен, пластично прикажан.
Англиски: plastic
Примери:
Релјефни стихови.

релса повеќе

мн. релси
Вид збор: Именка, женски род
релација
Англиски: route Албански: relacion

ренесанса повеќе

(едн.) ренесансата
Вид збор: Именка, женски род
Преродба, повторен процут.
Англиски: rebirth Албански: rilindje

репер повеќе

мн. репери
Вид збор: Именка, машки род
Знак, обележје, референтна карактеристика според која се врши споредување или карактеризирање.
Англиски: classic example Албански: shembull klasik, reper
Примери:
Тој производ е репер за добар квалитет.

репертоар повеќе

мн. репертоари
Вид збор: Именка, машки род
Збир на дела, целокупно знаење.
Англиски: repertoire Албански: repertuar

репрезентација повеќе

мн. репрезентации
Вид збор: Именка, женски род
особен изглед, достоинствено држење
Англиски: representation

рептил повеќе

мн. рептили
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се однесува понизно, се потчинува.
Англиски: creep

реторика повеќе

мн. реторики
Вид збор: Именка, женски род
Убави, но бессодржински зборови.
Англиски: rhetoric Албански: retorik
Примери:
Празни реторики.

рефлекс повеќе

мн. рефлекси
Вид збор: Именка, машки род
Воопшто - одраз, одблесок; одглас, реагирање.
Англиски: reflex Албански: refleks, reflektim

рефлексија повеќе

мн. рефлексии
Вид збор: Именка, женски род
Размислување, анализирање на своите преживелици, расудување.
Англиски: reflexion Албански: reflektim, pasqyrim

рефлектира повеќе

рефлектираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Промислува, душевно разгледува.
Англиски: reflect Албански: reflekton

рефрен повеќе

мн. рефрени
Вид збор: Именка, машки род
Нешто што човек постојано повторува, на кое секогаш се враќа.
Англиски: refrain Француски: refrain Албански: refren

рецепт повеќе

мн. рецепти
Вид збор: Именка, машки род
Раководство, совет како да се дејствува, постапува во одделен случај.
Англиски: instruction Албански: instruksion, udhëzim

ржи повеќе

ржат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек - зборува налутено, заканувачки.
Англиски: grumble Албански: gjëmon

рзак повеќе

мн. рзаци
Вид збор: Именка, машки род
За човек - немирен, бесен, енергичен.
Англиски: adventurer

риза повеќе

ризаат
Вид збор: Глагол, несвршен
чини услуги, служи
Англиски: serve

ризница повеќе

мн. ризници
Вид збор: Именка, женски род
богатство на нешто
Англиски: treasure Албански: thesar

рика повеќе

рикаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Громко пее; вика, креска силно.
Англиски: roar Албански: gjëmoj

рикне повеќе

Види и: рика (несв.)
рикнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се расипа, отиде по ѓаволите.
Англиски: break down Албански: prishet

рипа повеќе

рипаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се зголемува, се изменува нагло, во голема мера.
Англиски: jump
Примери:
Во текот на овие две недели цените неконтролирано рипаат во сите продавници.

рипне повеќе

рипнат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане нагло.
Англиски: jump
Се зголеми, се измени нагло, во голема мера.
Англиски: jump
се нафрли
Англиски: jump

ритер повеќе

мн. ритери
Вид збор: Именка, машки род
Смел и благороден човек, заштитник на нешто.
Англиски: knight Германски: Ritter Албански: kalorës

ритерски повеќе

ритерскиот
Вид збор: Придавка
смел, благороден, великодушен
Англиски: chivalrous

ритерство повеќе

(едн.) ритерството
Вид збор: Именка, среден род
Смелост, благородност, великодушност во постапките.
Англиски: chivalry Албански: kalorësi

роб повеќе

мн. робови
Вид збор: Именка, машки род
Човек кој е под власта на друг човек.
Англиски: slave Албански: rob
Човек што ја потчинил на нешто својата волја, своите постапки; човек безгранично предаден на нешто.
Англиски: slave Турски: skllav

роби повеќе

робат
Вид збор: Глагол, несвршен
Подложува на несносен живот.
Англиски: torture Албански: torturoj
Примери:
Сега бегајте, зашто стариот ќе не роби.

робува повеќе

робуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Е зависен, не може да се ослободи.
Англиски: slave Албански: jam rob
Примери:
Им робува на страстите.

робустен повеќе

робусниот
Вид збор: Придавка
неизделкан, суров, груб
Англиски: rough

рови повеќе

роват
Вид збор: Глагол, несвршен
Пројавува интерес кон нешто скриено, непознато; чепка.
Англиски: rummage Албански: rrëmoj

рововски повеќе

Види и: ров (м.)
рововска
Вид збор: Придавка
Што се води прикриено, зад очите на јавноста.
Англиски: hidden

ровок повеќе

ровки
Вид збор: Придавка
слабикав, нежен
Англиски: tender

родоначалник повеќе

мн. родоначалници
Вид збор: Именка, машки род
Основач на учење, движење и сл.
Англиски: founder Албански: themelues

рожба повеќе

мн. рожби
Вид збор: Именка, женски род
творба, дело
Англиски: result, creation

рои повеќе

(се) ројат
Вид збор: Глагол, несвршен
За мисли - се појавува во големо количество.
Англиски: swarm Албански: tog, tuf
Примери:
Само какви мисли ми се роеја во главата.

рој повеќе

мн. роеви
Вид збор: Именка, машки род
Множество од нешто.
Англиски: swarm Албански: gëlon

рокада повеќе

мн. рокади
Вид збор: Именка, женски род
промена, преместување воопшто
Англиски: change Германски: Rochade Албански: ndryshim, ndërrim
Примери:
Рокадите што ги направи со луѓето не се покажаа успешни.

рокира повеќе

(се) рокираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
премести, преместува
Англиски: change Германски: rochieren Албански: ndryshim, ndërrim
Примери:
Рокирај ги нив и ќе биде добро.

романтизам повеќе

(едн.) романтизмот
Вид збор: Именка, машки род
Романтично настроение.
Англиски: romantic Албански: romantik

романтичар повеќе

мн. романтичари
Вид збор: Именка, машки род
Човек склон кон мечтаење, кон идеализирање.
Англиски: romanticist Албански: romantik

рони повеќе

ронат
Вид збор: Глагол, несвршен
опаѓа, папсува
Англиски: crumble Албански: bie

ронка повеќе

мн. ронки
Вид збор: Именка, женски род
Ситни останки од нешто, ништожен дел.
Англиски: crumb Албански: thërmi, trohë

ропство повеќе

(едн.) ропството
Вид збор: Именка, среден род
Полна, сексуална потчинетост на туѓа волја, на нечие влијание.
Англиски: slavery Албански: skllavëri

роси повеќе

росат
Вид збор: Глагол, несвршен
Кваси со роса.
Англиски: sprinkle Албански: hedh vesë

рти повеќе

ртат
Вид збор: Глагол, несвршен
За живот, свест, чувство - се пројавува во мал степен.
Англиски: germinate Албански: lind. mbin

ртулец повеќе

мн. ртулци
Вид збор: Именка, машки род
(обично мн.) 'Ртулци - првите пројави на нешто.
Англиски: seed Албански: fillim

руина повеќе

мн. руини
Вид збор: Именка, женски род
Многу слаб, окапан човек.
Англиски: ruin Албански: ruinë, njeri i raskapitur
Примери:
Тој не прилегаше ни оддалеку на себеси, сега беше само руина.

руинира повеќе

руинираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Наштети, наштетува на здравјето.
Англиски: damage Албански: shkatërroj, prish

руменина повеќе

руменината
Вид збор: Именка, женски род
Румена боја, обично на сонце, небо и сл.
Англиски: redness Албански: kuqëllim
Примери:
Руменината на сонцето.

рутиниран повеќе

рутинирани
Вид збор: Придавка
препреден, итар
Англиски: clever

руши повеќе

рушат
Вид збор: Глагол, несвршен
За здравје - сосипува, уништува.
Англиски: damage Албански: dëmton
растројува, уништува
Англиски: destroy Албански: shkatëron
(се руши) се уништува, се сосипува, се растројува
Англиски: shatter Албански: shkatëron

рчпал повеќе

мн. рчпали
Вид збор: Именка, машки род
Сомустрак, припрост, недоделкан човек.
Англиски: ruffian Албански: kopuk
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш